Monday, November 4, 2013

Uciliste za mazi Tv scenario "Avanturite na Itar Pejo"







                                                УЧИЛИШТЕ ЗА МАЖИ

                                                      Наташа Мирческа


                                                      Септември 2013


Ликови:
Пејо
Попот
Учителката Галена
Стојанка
Митра
Весела
Цанејца
Жени
Мажи




1.Ент: Седнати под плотот, зад куќа. Пејо и Попот разговараат нешто сериозно. Мафта Попот со рацете му објаснува на Пејо...

Попот:
Не, Пејо! Оваа работа не може ни на сон да биде! Добро, море, сакаш жениве од селово жив да ме одерат! Леле, леле, а бе еве вака дел по дел ќе ме кубат, ќе ме черечат....Не, барај друг за оваа работа јас не можам...Божји човек сум Пејоооо...(се прекрстува) Аман Господи!
Пејо:
Попе, само ти и никој друг! Ами тамн, затоа што си Божји човек тебе ќе те послушаат...Е ај кажи кога жениве не те послушале : „ Трпејце зелник да месиш Господ да се слади“ – оп Трпејца зелник! „Стојанке, косата задуши ако ја чешлаш Господ поубаво ќе ти го гледа лицето“ – Стојанка се чешла зад уши! „Весело низ двор кога одиш фустанот поткренат држ го да не ти се валка“ – ете ја Весела до појас гола низ двор се шета....Кажи дали не е така?
Попот:
Пејо, тоа е друга работа! Наша, селска, да ни личи селото. Што мислиш ти Господ неќе убавини да гледа? Сака и тој е чедо божјо!
Пејо:
Ами?!
Попот:
Ни ами ни неами! Ова што го бараш може да ни навлече голема беља.
Пејо:
Ама барем пробај. Направи муабет, собери ги кажи им, побарај дозвола од нив. Ако биде биде ако не никому ништо.
Попот:
(се чеша за главата)
Велиш така само да ги прашам?! Оф, море, ќе го кркам јас стапот штом со тебе сум фатил работа...Ама ај...да сторам лаф муабет...одоколу да прашам...Ама со сила не и ако речат не не и ќе биде.
Пејо:
Ако речат не, не ама ако кандисаат со твој збор јас цела година дежурен да бидам!
Попот:
Зошто?
Пејо:
(со восхит, возбудено, демонстрира)
Оооо, убавина! Секој ден ќе и ја бришам, вода ладна ќе нoсам, ронките од ужината ќе ги собирам...ако треба пред да седне на столчето перничето ќе и го потклавам.
Попот:
Уф, катара една, јзк...(со иронија) Аха ти само мислиси дека така ќе биде! Туку јас да одам дури сум со овој ум та ја ќотек ќе изедам, ја...нема да се вратам...
Пејо:
Оди Попе, јас овде ќе те чекам.


2Ент. Во селски двор. Попот ги собрал жените од селото. Сите се тука. Која седи која стои. Попот се тапка, му е страв да почне, се слуша глас

Женски глас:
Попе, кажувај што имаш за кажување зелникот ќе ми прекисне. А бе работа си имаме. Да бевме попадики тамн ќе ни беше, вака се кусо ни е...
(се смеат)
Попот:
(промрморува)
Оооф денес животот ќе ми се скуси! (им се обраќа на жените) Чеда Божји...вие  секој ден доѓате кај мене да ми ги онадите...овај да ми ги кажите вашите маки. И така јас мислев, мислев и смислив како да ви помогнам. Како да речам, се мака имате најмногу од вашите мажи! Некој малку, некој повеќе, ама не ги бидува! Не ги бидува за ништо. И затоа си реков да ги пратиме на училиште тро од тро да си го изучат занаетот... Да научат како да речам,да се онадат со вас, мили да ви бидат, петелот три пати на ден да им пеј! Бидува ли?
Стојанка:
На кое училиште црни Попе, ти мајтап тераш со нас?  Кој ќе ги учи, ти? Твоето училиште сите го изучивме ( се смеат)
Попот:
Не, вели Стојанке така. Ами сите знаат дека ти најмногу сакаш да повторуваш! А на мажите ваши им треба учителка. Некоја што знае да чита да пишува, била по светот, видела...Да им каже, да им покаже вие себаб од тоа да видите.
Митра:
Еве Попе мене да ме главиш за учителка. Еее има да ги научам се, од  А до Б.
(вреват жените и се нафрлаат на Митра, попот ги смирува)
Попот:
Митро, право да ти кажам те бива за учителка, ама писмо познаваш? Од портана твоја најдалеку имаш дојдено до кај мене... в цркава...И што ќе ги научиш? Туку, ај вие договорете па нека дојде....која е на ред за денес, да ми каже другото јас ќе го средам. Ич ама ич да не се секирате. Оооо има да ги напрајме пуфка овие суртуци мариовски!

3.Ент. Импровизирана соба – училница. Сите мажи поседнати, седат чекаат да дојде учителката. Тука е и Попот. Никој, освен Пејо незнае која е учителката, а тој не е присутен.
Попот:
Слушајте ваму, немој далавери да прајте, да ме срамите. Кога ќе влези учителата, добар ден да речете, домашната мора да ја сработите и слушајте што ви кажува, не гледајте, слушајте, ме разбравте.
( влегува учителката Галена, дотерана, со стапче врака, со очила, сите се скаменуваат, подзинуваат ко телиња)
Учителката:
Добар ден! (строго) Сите сте тука? ( никој збор не зборнува) Од денес почнува училиштето за мажи, мора да бидете редовни, да ме слушате и да го правите она штој јас го велам. Јасно! (штама)
(се слуша тропање на вратата)
Учителката:
Напред!
(влегува Пејо со полна корпа јајца и сунгер подмишка)
Пејо:
Учителке, добредојдовте. Јас малку задоцнив ама заради вас. Сите селски буништа ги преорав сите јајца ги собрав, пресно снесени, колку без ич квачени.Ами учителка селска без јајца не бива.
Учителката:
Пејо, ако уште еднаш задоцниш, неоправдан.
Пејо:
Ќе се оправдам, учителке после часој. Еве и сунгерче донесов.
Учителката:
Седи Пејо да почнеме.
(Пејо седнува и крева рака)
Учителката:
Кажи Пејо?
Пејо:
Физичко кога ќе имаме?
Учителката:
Вадете ги тетратките и пишувајте.

4Ент. По неколку недели. Жените селски в меана заседните се смеат кафе пијат, си гледаат, расположени, живнати. Попот и Пејо ѕиркаат од зад портата.
Стојанка:
Господ, Попот да ни го поживее,што убајна ни стори. Камо пред некоја година мажите на чколија да ни ги пратеше.
Весела:
Што ти било ука да имаш. Море на учителката алав да и е! Онај мојот цел ден домашна решава: научи кокошка да окуби, сарма да свитка, а гледам под креветот и плетало држи, кај да е и шал ќе ми сплете.
(се смеат)
Митра:
Митре мој како научи да мава со пиралкна, алиштата по бели никогаш не биле!
Цанејца:
Ајде жени кажете, со последната лекција како поминавте. (гласно се смеат) Цане мој влегува дома и ми вели: Цанејце собуј ги опинците, од денес јас ќе ти ги тријам петиците. Сакам по селоно на налани боса да одиш.....
(се смеат)
Попот:
Пејо брат ја цапнавме работата. Без служба останав. Поќе никоја не иди на онадење.
Пејо:
Попе, што си посеал тоа ќе ти никне. Арно рекле „Господ да те чува од женска беља„ Попе, голема беља не снајде дури е посовреме дај распушти го училиштето. Капата си ја сменивме ама умот не си го менуваме. Море како дојде веков, за лошите рај, а за арните маки без крај.



-Крај-







Tuesday, October 22, 2013

Летачки бег ( Оџата што летна ко ароплан) ТВ сценарио „Авантурите на Итар Пејо“






     
               Оџата што летна ко ароплан
                                                        

                                                    НАТАША МИРЧЕСКА



                                                              Август 2013



1.Ент. Пеjo, си оди така си свирка со рацете в џеб, низ дворовите селски. Одеднаш слуша нејасен тресок и офкање..Се стрчува на кај што слушна врева, накај шталата на Веле. Гледа Веле возбуден целиот мери нешто попореку и во висина.Од нигде никаде се појавува Трајко, поточно се исправа од земја, обвиткан во најлони и како крилја на него направени. Од едната страна најлонот му е распартален, а на челото и од устата крв му тече. Пејо оди на кај нив.
Пејо:
Море, што правите?! Оф, бе Трајко си се расцветал!
Веле лудиот:
( не го ни погледнува, занесен во својата работа)
Трајко, некаде згреши! Мене се ми е точно како што пресметав. Ако не згрешеше ќе стигнеше без никаков проблем до чардакот на домаќинот.
Пејо:
Е, зошто таму, што бара таму.
Трајко глупиот:
(се обидува да му одговори ама не се разбира ништо, и устата му е повредена. Тој зборува ама како да мумла)
Мммлмламммм.......
Пејо:
Доста, леба ти.Незнам француски. ( му вели на Трајко)
Веле, Силјан сношти на сон да не ти дојде. Како е арен? Да не ме поздрави, многу живеачка си имав со него!
Веле лудиот:
(кај Трајко е, испитува  во каква состојба е најлонот, кај што е скинат со кукачки го зафаќа)
Пејо, не е зафрканција работава. Ова е научно! На Силјан му е лесно, тој е штрк, ама кога јас ќе летнам....ќе го поздравам, сигурно...
Пејо:
Ами тогаш што му правиш на Трајко?
Веле лудиот:
Ја мерам температурата на воздухот, височината и километрите што ќе ги помине.
Пејо:
Аааа, и?
Веле лудиот:
Го голтна топломерот, во устата му беше. Кога акна на земја..отиде.
Пејо :
Ами сега?
Веле лудиот:
Трајко (му вика) качувај се пак и кога ќе речам еден, се местиш. На два се засилуваш и на три леташ најмалку 2 километри. Разбра! Немој пред време да слетуваш, јас те следам...Што чекаш оди.
( Трајко се тетерави и офка, оди зад шталата да се качи на неа, Веле зазема позиција да одбројува, а Пејо притрчува до ѕидот и со големи чекори почнува да брои на глас)
Пејо :
Еден...два..  три..
( се слуша тресок и офкање, Трајко паднал, скокнал од скала на три)
Веле лудиот:
( на Пејо, трчајќи кон него)
Пејо, јас требаше да бројам! Што направи.
Пејо:
А, бе броев два километри да го пречекам Трајко кога ќе слетува. Зошто ми викаш!
(Веле, пука од мака, Трајко одвај иди, доотепан и скалата му се обесила на врат ја влечка )


2Ент: Кај Настрадин Оџа. Оџата  фаќа муви, го нервираат што му се насобрале на чардакот. Мава скока по нив не забележува дека извесно време Пејо го гледа поткачен на скалите од чардакот.
Пејо:
Да ти се многу години Оџа!  Гледам многу работа имаш па ќе дојдам друг пат.
Оџата:
Ооо Пејо, бујрум, како друг пат! Ела ваму, еве атер за тебе пауза ќе направам. Седи и кажувај.
Пејо:
Што да кажам Оџа, ти се знаеш. Нема што не знаеш, а бе камче да се помести ти прв разбираш.
Оџата:
Јаааа! Така е така е, имаш право Пејо. Се си знам. Еве сношти Митрејца отиде квас да земи од кај Кољо Суртукот и два саати дома не се врати.
Пејо:
Аман бе! И?
Оџата:
И, што и...Ја поткваси Кољо, убаво. И вели квасот во визба го чувам за влажен стално да ми биде...
Пејо:
Море суртук човек...Не да си го клај во кокошарникот при рака тој во визба.
Оџата:
Е зошто во кокошарникот?
Пејо:
Па кога ќе си оди и две јајца да и дај на Митрета поручок да му направи.
Оџата:

Ха, ха, ха да пукниш ме изнасмеа. Кажувај сега што се прај во селово, ама немој да ти текне пак да ме измамиш. Овој пат ќе се налутам и ќе те испратам кај Валијата, па во апсана. Кажувај.
Пејо:
Ништо Оџа, никој ништо не прави. Оскудација, од пуста мрза селаниве немаат време за работа да се фатат. Ама...
Оџата:
Ама...
Пејо:
(со поусул да не слушне некој)
Оџа, Веле измислил крилја. Ќе лета до Стамбол,а можи и тро потаму, зошто незнам.
Оџата:
Ииии...ме лажеш Пејо.
Пејо:
Не Оџа ако те лажам , Трајко невеста да ти стане.
Оџата:
Што зборуваш море улав. Скраја да е. Велиш ќе лета?! И колку е со летање до Стамбол?
Пејо:
Два километра....Колку одавде до кај Мица вдојцана, тамн – со летање, пешки ако одиш тро подалеку е.
Оџата:
Ѓаур не прокопсан, да не ме лажеш?
Пејо:
Оџа, кажи кога не сум те излажал!
Оџата:
(се ококорува, на ум му паѓа идеја)
Пејо, го знаеш ти меракот мој. А бе за Пацено горам и одозгора и одоздола. Еве срцево ќе ми препукне. Ама оној татко е ем вратата и ја заклучува, ем пред неа со пушка седи. Од кога разбра дека и таа мерак на мене има кутра Паце само преку пенџере небо гледа. Станувај да одиме пред Веле да одлета. Ооо, кога ќе си ги метнам орелските крилја и како aроплан, гооолем ароплан право кај Паце  вскут ќе слетам. Ајде, Пејо ајде...
(се стрчуваат заминуваат, Пејо застанува и вика)
Пејо:
Чекај, Оџа, стој. А кој ќе и каже на Паце да го отвори пенџерето?
Оџата:
За тоа треба човек од доверба. Ти Пејо, ти ќе и кажеш. Прави што ќе правиш да и сториш абер пенџерето да го  отвори, оди трчај, јас одам кај Веле. 
3 Ент. Кај Паце пред куќа. Пејо божем затрчан, зазбивтан. Од далеку вика.
Пејо:
Домаќине еееј, Спасе!  Ееееј!
Спасе:
Што развикуваш море! Што е?
Пејо:
Домаќине, дај ми ја пушката Паце да ти ја спасам!
Спасе:
Аха, еве на ( му покажува лакт) држ земи ја. Ти токму си! Жена давам пушка не давам. Јасно.
Пејо:
Аман Спасе! Јас трчам довде честа да ти ја спасам ти пушката не ја даваш.
Спасе:
Ти мене честа ќе ми ја спасуваш! Ајде пулиси ја работата, јас Паце ќе си ја чувам. Не ја давам, така кажи му на Оџата, тој те пратил ваму сигурно.
Пејо:
Спасе ти си знајш, јас само да ти кажам дека овој пат куртул нема. Настрадин Оџа од мерак по Паце твоја  ароплан се сторил и ене го лета право на кај куќава твоја.
Спасе:
Што зборуваш бе Пејо?! Ами на Паце и се лоши во аероплан!
( се слуша нејасна врева(брчи Оџата со уста како овион), се гледа како со најлони како крила трча по удолница, зема залет да летне Спасе пука Пејо фрла со камења по аропланот)

4.ЕНТ. Во ендек, Оџата паднат, не може ни да мрдне ни да претне, офка, вика

Оџата:
Оф леле, помагајте! Ооо селани овде сум!
Пејо:
Оџа што се стори!
Оџата:
Леле кога ќе ти рипнам, леле сите коски ќе ти ги искршам, ах што ми направи, Пејо! Оф леле!
Пејо:
Да ти се многу години Оџа, ама што направив сега јас! Ич не сум крив, немој бадијала на душа да ме земаш! Јас направив како што ми рече: Отидов кај Паце го отворив пенџерето, та ко удри една промаја и ти Оџа....ооо оп..вендек.
Оџата:
Вистина?! Од промајата, велиш?!
Пејо:
(му помага да стане)
Од промајата Оџа од промајата! Ова за ум да не фрлаш мерак по мариовски чупи.



                                                           -крај-

Tuesday, October 15, 2013

Bez tefter, cesna zena ne mozes v kuki da imas TV scenario "Avanturite na Itar Pejo"











Без тефтер, чесна жена не можеш в куќи да имаш





Наташа Мирческа




Септември 2013














Ликови:

Пејо

Коле

Стојан

Трајко

Стојанка жената му на Стојан








1Ент. Во меаната. Седат селаните си прикажуваат, пијат ракиичка. На една маса седат  Коле и Стојан и  муабетат за своите жени. Влегува Пејо, ги заслушува и им оди на маса, седнува кај нив.
Коле:
Ксмет сум имал Стојане, Колејца да ми се погоди, па вака раат да си седам и по дома да си уживам.
Стојан:
Е, де знам! Раат си и дење и ноќе.
Коле:
Сум раат и дење и ноќе фала му на Господа...Ама да не ме разбереш погрешно,  кога ќе ми треба тука е!
Стојан:
Навистина? Јас па од време на време те жалам.
Коле:
Ме жалиш?! Зошто бе Стојане, што мака имам па ти да ме жалиш.
Стојан:
Ами, те гледам магарето сам го растовараш. На сабјле ко некој пес водвор ја сркаш маштеницата,лебот сув им го рониш на кокошките, понекогаш те гледам и дворот го метеш...а за навечер си знаеш и самиот ко некој ут дремиш на чардак и се нешто од високо загледуваш по селово.
Коле:
Е, што има тука лошо па ти да ме жалиш!
Стојан:
Ме чека Стојанка да си одам по совреме дома, немам време, та ќе ти кажев.
Коле:
Да, бе, тебе Стојанка, нон стоп те чека и дење и ноќе. Затоа вака се правиш на трчни – мочни. Ни како чоек си излегол, ни си поседил тро фазла во меанава...се само трчаш дома. Ти си за жалење не јас.
Стојан:
Немој сега да се вреѓаме. Јас мојана ја држам на ортомче, а ти??? Ти не можеш дома да ја прибереш...Ееее клај си го тро прстот на умот. Не да си за жалење за плачење си, ама нема кој да ти каже.
(се заострува ситуацијата на кавга оди, двајцата стојат еден спроти друг, стој и Пејо, ама не зборува ништо)
Коле:
Слушај,Стојане, мојана да не ја мешаш. По домаќинка од неа нема во селово. Видиме, чист, испеглан, погоден, куќата си ја гледа...Ако сакаш да знаеш и многу убаво се милува...Си ја видел ко видра е.
Стојан:
Така е така. Дома не можеш да си ја прибереш, те по комшии, те по гости, те предпорта...
Коле:
Што сакаш да речеш! Засарми се! Ти мене ќе ми кажуваш, Колејца моја што прави каде оди....Јас знам се, се ми кажува...
Стојан:
Вистина?! Ти кажува и ти раат си! Ееее,Коле, црни Коле. Работава од кол на кол, кај Коле вскут... Пу, бре, пу...кај седнав со тебе кај запустив.
(Коле ифритосува, му се пушта, се обидува да го фати за гуша, Пејо ги двои)
Пејо:
А бе аман, побрати  ми што направивте, ќе се испотепате за џабе! Стојане ја претера со муабетот. Сите си ја знаеме Колејца, тамн си е, ем домаќинка ем дружељубива, немој муабети да вадиш. Ај седете двајцата, да ја расчистиме работава.
Стојан:
Ете, седи си со Коле јас ќе си одам.
Коле:
А не! Седи сега јас да ти кажам збор-два за Стојанка па оди си.
Стојан:
За Стојанка да ми кажеш? Што да ми кажеш, нема што. Од дома не излегла, прагот не смее да го помине, на гости сама не оди. Од кога ја зедов ни кај мајка си ни кај татака си била....Знам јас куќата да си ја гледам, не ко тебе, волу еден. Жената од порта не смее да излезе. Муабет само преку ѕид со оне селски качаунки цел ден на камења што седат. Ако не сум дома, пиле преку двор не смее да прелета, разбравте!
Коле:
Морееее маж, четворен! Така ами како, жената само на ортомче иначе готов си! Море ти не си салам. Јас незнам како те трпи,твојана! Ко во апсана ја чуваш. Затоа си ваков избудален. Сигурно навечер во креденецот ја затвораш и тоа простум оти ако заспие може ќе сони нешто и ќе те посрамоти. Ејди ги Столе, ејди ги воле!
Пејо:
Значи, да расчистиме: Колејца е недомаќинка оти излегува од дома, а Стојаница е домаќина оти од дома не излегува!
Стојан:
Така бе Пејо, алав да ти е ти поќе мозок од цело село  имаш.
Коле:
Пејо, пушти го да си оди оти ќе го расчеречам!




  2Ент. Кај Стојан во дворот. Тој нешто си работи, Пејо „случајно“ поминува па преку ѕид го задева малку муабет да скрши.

Пејо:
Аирлија работа!
Стојан:
Амин, Пејо! Ела, влези, тамн да одморам.
(Пејо влегува)
Е, ај да влезам и јас малку да одморам. Се изнаодив денес. Го барав магарето од Петко, цела околија ја прошетав.
Стојан:
И го најде!
Пејо:
Е, што да го барам кога само ќе си дојде!
Туку, ако имаш време, сакам нешто да те прашам.
Стојан:
Прашај, Пејо, ако знам ќе ти кажам.
Пејо:
Од кај знаеш ти толку многу за женски работи?
Стојан:
(се обзрнува налево на десно, тивко)
Имам тефтер!
Пејо:
Тефтер?! Каков тефтер?
Стојан:
Напишан. Се пишува во него.
Пејо:
Аман, цел го прочита и се научи?
Стојан:
Ќе ти кажам ама никому ни збор. Неќам подомаќинка жена, од мојава, во селово да има. Јасно!
(Пејо клима со главата, Стојан од пазуви вади мало тефтерче)
Стојан:
Од ова не се оделувам. Дење  ноќе со мене е  и се што ќе го прашам ми кажува.
Пејо:
Тефтеров, твој зборува?
Стојан:
Не, бре будала, сега ќе ти кажам. Кога ќе ми рече Стојанка: „Стојане да одам вода да наполнам“ јас оп веднаш тефтреот и читам.... сакаш да ти прочитам што шишува...
Пејо:
Сакам, како не сакам ами и мене нешто ќе ме научиш... не се нешто И што пишува во тефтерот ако оди Стојанка вода да наполни?
Стојан:
(чита)
Ако женати ти рече дека ќе оди вода да наполни, значи оди да се види со некој на чешма, ќе те посрамоти. Да не ја пушташ.
Пејо:
Ауууу! Така е. Во право е. А што пишува ако Стојанка ти рече да подизлезе пред порта на камен да поседи со жените?
Стојан:
(врти бара во тефтерот, чита)
Договорена е со некој. Тој ќе помине да се видат. Ќе си дадат ишарет, ќе те посрамоти.
Пејо:
Леле, а бе алал да му е на тефтерот! Ај уште едно прашање и готово? Може?
Стојан:
Што сакаш прашај, Пејо, во тефтерот мој се пишува.
Пејо:
Ами ако посака Колејца дома да си појде кај татка си, мајка си да ги види?
Стојан:
(врти во тефтерот, чита)
Ако женати ти рече дека сака да оди да си ги види татко и мајка, те лажи, тогаш ќе оди некаде да се курва.
Пејо:
Стојане  бе, од кај ти е тефтеров?!
Стојан:
Пред да се женам, бев кај една нечесна жена. Се ја прашав за сите женски итроштини и запишав се како што ми рече. Лош веков дојде, Пејо. Без тефтер, чесна жена не можеш в куќи да имаш.
Пејо:
Така е така, арно велиш. Ами кога ќе одите некаде двајцата, нешто лошо неможе да ти се случи...да те посрамоти?
Стојан:
Што зборуваш ти? Кај може така! Сама никаде не ја пуштам, а кога сме заедно кај може да ме посрамоти.
Пејо:
Арно велиш, така е. Ај со здравје сега, фала на уката, утре со Колејца на средсело, на игранка ќе дојдете?
Стојан:
Ќе дојдеме и како секогаш, напред на орото ќе играме. Ај со здравје, сега!

3Ент: По селска уличка. Одат Стојан и Стојанка на игранка средсело, дотерани. Се гледа како Трајко дреми пред една порта, а Пејо со леген во рацете наѕира од еден прозорец. Тамн наближуваат т.е Стојанка е под прозорецот, Пејо ја натура со вода...
Стојан:
Леле, Стојанке што ти се стори!
(нагоре кон прозорецот)
А, бе што луѓе ќе бевте, вода низ џам што турате! Море, непрокопсани едни, жената жива вода ми ја сторивте.
(Трајко притрчува на помош)
Трајко:
Оф, оф, оф жива вода се стори Стојанка! Ами сега! Стојане, ја пуштија да влезе зад порта крпа обесено имам нека се збриши нека се подисуши, водена средсело да не оди!
(ја отвара портата да влези Стојанка. Стојан изненаден од ситуација се двоуми, по кратко и вели:
Стојан:
Оди, зад порта и подспастри се ќе те почекам.
(Стојанка влегува)
Трајко:
Ела, Стојане седни, да не те здоболат нозете. Ќе помине тро време, Стојанка треба да се подисуши.
Стојан:
Да, седнам кога велиш, ама за брзо ќе биде.
Трајко:
Ако де, ја седни мене да ми прочиташ нешто од тефтерот. Што пишува ако на женати вода и натурат прку пенџере?
Стојан:
Аааа, побратим ти Пејо ти кажал. Не пишува ништо за тоа.
Трајко:
Добро де, тогаш прочитај ми, што пишува што ќе биде ако жената сама зад порти ја пуштиш?
Стојан:
Ти мајтап си играш со мене!
Трајко:
Не, бе Стојане. Та нели сама жена не пушташ никаде.
(Стојан како препален скока, оди да влези во портата, портата затворена. Вика по Стојанка. Излегува Стојанка, ем водена ем насмеана)
Пејо:
(се појавува на прозорецот)
Стојане, допиши во тефтерот : Сам ја пуштив жената ми зад порти...


( Стојан, посрамотен го вади тефтерот го кини)




-       Карај -



Friday, October 11, 2013

Mariovsko cudo Tv scenario "Avanturite na Itar Pejo"


                                                               МАРИОВСКО  ЧУДО



                                                                    Наташа Мирческа
                                                                   
                                                                              Јуни 2013




Ликови:
 Пејо
Веле лудиот
Трајко будалиот
Попот
Оџата



1.Ент. Пред црква. Оџата седнат на столче, се павта оти му е жешко го чека попот да излезе. Не минува долго време, попот излегува, се врти се прекрстува и оди кај оџата.Му се брза да замине од тука. Како што одат по пат ги здогледува Пејо, тргнува скришум по нив ги наслушува што разговараат. Не го забележуваат воопшто.
Попот:
Море, гужва денес. Кој жив, кој умрен се насобра народ. Туку ајде станувај да не дојде уште некој.
(тргнува да  оди,но го попречекува да стане и тргне оџата)
Оџата:
Ако дојде јас ќе го пречекам. Ако сакаш можам и да те сменам. (полека станува)
Попот:
Ајде мрдни...Како ќе ме смениш, не  е така како што ти изгледа. Мојава работа не е како твојата.
(го фаќа подрака и го забрзува, да заминат од пред црква)
Оџата:
Е, не е до душа...Јас кандило не мафтам по цел ден.
Попот:
(се прекрстува и крева раце нагоре)
Господе, прости му незнае што зборува...сонцето го удрило...
И со темјан да те исчадам од глава до петици, од тебе поп не бидува...
Оџата:
(воодушевен што му светнува идеја)
Попе...А да се смениме на еден ден...Ти да бидеш оџа јас поп!
Попот:
Кај може така?!
Оџата:
Зошто кај може?! Господ е еден, голем и за тебе и за мене. Тој ќе ни биде сведок. Ништо лошо не правиме. Ти утре ќе бидеш оџа, јас поп. Бидува!
Попот:
(застанува се дума, се мисли)
Ами како ќе влезеш в црква со чалма на главата. Не личи, ако те видат селаните, црквата ќе ми ја запалат.
Оџата:
Ќе си ги замениме облеките! Дури и како тебе ќе се исчешлам. А ти ќе си ја потстрижиш брадата и...чекај да видам ( го загледува) некако главата да ја потсобереш, да не ми ја рашириш чалмава ( му се смее)
Попот:
(вади од под мантија шише ракија)
Господ на помош да ни е. (пие) Бидува ( му дава на оџата да пие)

(Пејо  го слуша договорот меѓу нив. Ги остава да заминат па излегува на патот, се чеша за глава се смешка подмустаќ)


2.ЕНТ. Кај Веле во шталата. Веле залегнат, спие, топ.Пејо, го гледа извесно време, а потоа се обидува да го разбуди. Го задева го чепка, му вика ама ништо. Излегува, се враќа со ортома (јаже) го врзува од сите страни и задоволен излегува и се оптегнува пред вратата и тој да си подреме...По некое време.
Веле лудиот:

Ииии! Помош! Пушти ме! Ништо не направив!
(вика)
(Пејо,се штрекнува и ѕирка скришум, гледа како Веле се бори против злите духови,врзан од сите страни)
Веле лудиот:
Имам лук во џебот! Ништо не ми можеш! Одврзиме да се бориме како мажи!
(и се обраќа на невидливата сила)
Пејо:
(со променет глас)
Велееее, готов сииии! Нема вода-манџи  да правиш...да ги лажиш жениве од цела околија и поширокоооооо!
Веле лудиот:
(исплашен, збунет)
Никоја не сум излажал....Тие...тие тебе намерно те лажат...
Пејо:
(со променет глас)
Ти дојде судниот час...Признај за полесно да ти биде!
Веле лудиот:
Одврзи ме се ќе признам.
Пејо:
(со променет глас)
Ќе лежиш вака врзан дури попот не стане оџа и обратно!
Веле лудиот:
Ти не си нормален. Кај може тоа така! Оф,лелеле пушти ме ако имаш душа.
Еве ветувам дека на никоја повеќе нема да и давам крстена вода да фрла по тебе. Нема повеќе да им велам на пенџерињата, црна книга да ставаат...ќе ги гледаш раат...Те молам пуштимеееее!
Пејо :
( со променет глас)
Вистина?! А, може ли и на Весела да и кажеш дека за лек, треба Пејо од уроци да и забаи?
Веле лудиот:
Како што ќе речеш така ќе направам. Само пушти ме!
(Пејо млад, крева врева, тропа, удира,вика...Веле премира)


3.Ент. Во шталата на Веле, тој врзан, уплашен, наслушува што се случува, вегува Пејо. Изненаден од тоа што го гледа.

Пејо
:
Што направи бе Веле, што стори сега? Море, како успеа вака да се врзеш? А, бе алал да ти е. Да не видев немаше да верувам.
Веле лудиот:
Пејо, брат помагај. Ме начека на спиење и оп...одвај куртулив.
Пејо:
Кој бе Веле? Кој те начека?
Веле лудиот:
Остај не прашувај. Арно што дојде. Одврзи ме, брзо дури не се испишманил.Го прелагав, му реков лук имам во џебот...тој кутриот се исплаши... брзо дај една главица од онде...(покажува кон аголот каде виси лук)
Пејо:
Којзне што си сонувал и кого си врзувал на сон. И наместо него сам си се врзал. Немој сега лук...Ќе мирисаш...можи некоја за себаб ќе ти дојде.
(му зборува и го одврзува)
Веле лудиот:
( штом Пејо го одврза трча ко луд на кај лукот и цела низа ја обесува на врат, му кине главица и на Пејо му подава)
Земи за секој случај.
Пејо, ова беше страшно и поучно искуство за мене.
Пејо :
Јаа..и што научи?
Веле лудиот:
Не спијам повеќе на креветов...ми го знае местото...
Пејо:
Веле, ај објасни ми што се случи
(Веле му објаснува, гестакулира со рацете, се тепа на мртво, се прави јак на мускули, ништо не се слуша што зборува, во фон оди)

Пејо:
Море, море, јзк...ами сега...Ај жениве ќе ги кандисаш. И црната книга ќе ја тргнеш од пенџеринана,богами и на Весела ќе и речеш за мене...ама со попот и оџата што ќе правиш...Мораш, да ги смениш..А бе кај му текнало, да му се сневиди. Те зел на душа....

Веле лудиот:
Морам да смислам нешто...Некоја јака напивка мора да направам...

Пејо:
Ја Трајко викни го да ги зашемети со некоја суројца па после бркај работа!

Веле лудиот:
( почнува научно лудило да го фаќа)
Да направам,кога ќе се напија попот оџа да стане и обратно...Ама сведоци ми требаат...
Пејо:
Е, ај јас да одам по нив...да донесам некој ти сматкај нешто....
(Пејо заминува, Веле почнува да тура претура)

4.Ент. В кафана. Селани поседнати пијат муабетат. Попот и оџата запиени, благословуваат се со ред. Пејо млад и кај нив чест им прави и им нарачува уште една тура, на сметка на куќата.
Попот:

Да дај господ до напролет сите домаќинки да набобрат ко круши за берење!
Оџата:
Амин, попе! Да дај алах кокошките секој ден по две јајца да несат!
Попот:
Да дај господ, домаќиниве во се да си помагаат, од нив никој да не се пожали!
Оџата:
Ако не може домаќинот да може комшијата! Амин!
Попот:
Момиве селски од секого муабетот да го примаат!
Оџата:
Јас на коњ, кај Валијата најубавата да ја однесам!
Попот:
Ех, ех, сега не претерувај! Коњот јас го јавам. Пејо, кажи му на овој каков ми е коњот?!
Пејо:
Кој коњ!
Попот:
Мојот!
Пејо:
Од кај да знам, не сум ти го јавал!
Попот:
Не дај боже да ми го јаваш...пу пу пу...Кажи што ти кажале!
Пејо:
Ааааа...Вака велат : Од Попот ееее, ама не е како твојот Пејо!
Попот:
Е, така, слушна ли....Иии Пејо арам да ти е. Бидува ли  за коњ божји да лажеш!
Оџата:
Смири се попе, мирен...Кој не верува утре ќе види.



Ент. 5 Малку подолу од црквата. Веле, Пејо и Трајко стојат чекаат Попот и Оџата да дојдат. Веле во пагурче носи волшебна течност. Треба да ги убеди и попот и оџата да се напијаат за да стане попот оџа и обратно.
Пејо:

Веле, марифетот ти го признавам, ама се си велам треба уште нешто.
Веле:
Што бе Пејо? И од кај знаеш ти што треба!
Пејо:
Ноќеска сонив се што треба да се случи. Еве баш овде стоевме, ние тројцата, токму вака како што ги чекавме и дојдоја и попот и оџата и ти ги напи ама ништо...
Веле:
Доста, не коби главата вторба ми е оти, доста, мора да биде!
Пејо:
Е, нема да биде оти ти не треба да ги видиш кога ќе им дадеш да пијат. Ете тоа е марифетот. Жими Трајко така сонив. Кажи бре Трајко, кажи му!
Трајко:
Така е Веле арно ти вели.
Веле:
Леле, будала Трајко. Од кај знаеш море ти што сонувал тој?
Трајко:
Кога сонува нешто Пејо и јас истото го сонувам.
Пејо:
Гледаш! Туку дај дури е совреме, тебе и Трајко да ве подврзам, од никаде ни да ѕирка ни да проѕирка.
(вади шамии да им ги врзе очите)
Веле:
Јас, протестирам за  ова. Ова не беше испитано од моја страна.
Пејо:
Веле, ќе те спасам.Ако успее работава секоја недела најголемата свеќа ќе ми ја палиш за здравје.
(им ги врзува очите и на двјацата,)



Ент. 6 Патот за на кај црквата. Од кај дрвјата излегуваат Попот и Оџата. Алиштата им се сменети. Попот е оџа, Оџата поп. Се гледаат, се подотеруваат, одат на кај црквата.
Попот:

Внимавај што правиш. Денес ти си јас не заборавај. Кога ќе влезеш в црква три пати прекрсти се. Потоа оди право...
Оџата:
Добро бе Попе, знам...Цела ноќ вежбавме. Никој, ама никој нема да забележи, ја види ме ист сум како тебе. Ти гледај кога ќе седиш пред црква да не се заборавиш па да влезеш..Срам не виден ќе кренеш....Ииии ене ме чекаат...
(ги загледуваат од подалеку Пејо, Веле и Трајко )
Пејо:
(им се клања)
За многу години денов! Се вака арен да е.
Попот (лажниот):
Амин Пејо! Со мака од утринава овде ве донела.
Пејо:
Не сме за мака за радост сме! Еве побратимиве, двјацата во иста ноќ ист сон сониле. И затоа очите си ги врзале убајната да не си ја растурат. Чунки така на сонот им се покажало. Дедо попе и ти оџа за да биде работава господова ќе мора да поможите.
Оџата (лажниот):
Чим е така да помагаме! Да ги отпееме треба?
Пејо:
И тоа ќе биде, само сега прво по една голтка од пагурчето на Веле да тргнете. Прво тоа за да ги тргнат шамиите да видат дали тоа што го сонувале ќе го видат!
Попот (лажниот):
Да речам пред тоа една молитва.
Оџата (лажниот):
Не, попе сега прво пиј после ако треба молитва.
(Веле го подава пагурчето, пие попот, пие оџата, ги тргаат со Трајко шамиите. Гледаат и не можат да поверуваат на очите, вистина се стори, Попот стана  Оџа и обратно. Се радуваат, ги гушкаат, рака им бакнуваат. Пејо стој настрана, се смее и гледа сеир. По некое време)
Пејо:
Чуда се случуваат, чуда по ова наше Мариово! Веле, ајде, кај Весела треба да одиш!




                                                                      -    Крај -

Friday, September 20, 2013

SADENJE KVACKA tv scenario "Avantirite na Itar Pejo"



                                                          САДЕЊЕ КАВЧКА




                                                         Наташа Мирческа


                                                              Февруари 2013,





ЛИКОВИ:
ИТАР ПЕЈО стар
ИТАР ПЕЈО млад
ВЛАДИКАТА
АНГЕЛЕЈЦА
СЕЛАНЕЦ  прв
СЕЛАНЕЦ  втор
Девојче - мало




Слика 1: Се гледа црква.Пејо стар, излегува од црква,се крсти.. Облечен дотеран. Застанува на чекор два пред вратата, се гледа како нешто  брои напрсти.(брои дали запалил свеќи за сите) Му се приближуваат двајца селани. Од  зад грб му ида и се подбуцнуваа со лактите, го забележуваат и на мајтап ја фаќаат работата.


Селанец прв:

Број, Пејо број, ама немаш толку прсти на рацете да доброиш!
Селанец втор:
Може ќе стаса да доброи ако еден прст за десет му важи! (се смеат двајцата, се смее и Пејо и тоа најмногу)
Селанец прв:
Ако си ги броиш гревовите, ни прстите од нозете нема да ти стигнат!
Селанец втор:
А, за зулумите попис треба да направиш! ( пак се смеат гласно, Пејо најгласно, се витка од смеа, тие го гледаат зачудено)
Пејо стар:
(се смее, па за миг станува озбилен и се врти кон цркават и пак се крсти) Господи прости ми! (пак се смее) Вака не сум се насмеал од Владикана кога ни дојде в село! (умира од смеење и селаните се чудат што е работата, тој намерно тоа го прави)
Селанец прв:
Што му направи на Влдиката?
Пејо стар:
Ништо!
Селанец втор:
Ами оти се смееш?
Пејо стар:
Јас не се смеам. Вие се смеете. ( и пак прснува во смеа)

Селанец прв:
За арно нека е. Има нешто туку не кажуваш.
Селанец втор:
(од под пазуви вади мало шишенце со ракија) Носам за душа за мојана! Да подседнеме онде, (покажува на една клупа во дворот на црквата) под дрвоно, да ни раскажеш за Владиката.
ПЕЈО стар:
Ако ме бендиса, ме кандиса. Прво дај да пробам! (селанецот му ја подава, Пејо голтка пие) Сум пробал и подобри...туку ај, да седнеме
(седнуваат на клупата, пивнуваат од ракијата,секој секому му ги брои голтките)
Селанецот прв:
И што му се случи на Владиката кога дојде в село?
Пејо стар:
Него, ништо не му се случи, ама на Ангелејца... (се смее)

Слика 2: Пред село. Под една голема сенка Пејо млад оптегнат, со делче тревка в уста. Капата над очи, рацете под глава. Се слуша коњски од. Се подисправа да види кој иде. Го гледа Владиката, го тера коњот покрај себе. Срипува Пејо, се засучува на ракавите и чека да му се приближи па се затрчува кон него со капата в раце.

Пејо малд:
Да ти се многу години Владико!
(му бакнува рака)

Владиката:
Да си жив и здрав Пејо!

Пејо млад:
Ами што вака пешки?! Што не му се качиш? Бидува Владика вака да оди? Кај ти е Стојан? Дали тој треба коњот да ти го води. (Стојан слугата на владиката)

Владиката:
Стојан го пуштив, два чекора пред мене да побрза, да им каже на селаните дека идам, да се подготват. Не го сретна по патов?

Пејо млад:
Не дедо Владико, јас одозгора идев! Ај, дај да ти поможам, качи се на коњов како човек да влезеш в село.
(му помага да се качи на коњот и тој го води накај селото. Тамн да влезат всело, кај првата куќа дотрчува едно девојче мало и му вика)

Девојчето:
Дедо Попе, Дедо Попе! Почекај малку! Мајка ми испече пиле и меси зелник! За половина час се ќе биде готово. Ќе ти го донесе.
(со трчање заминува девојчето)
Владиката:
(му светнуваат очите, вика и тој)
Ашколсум!
Пејо млад:
(полугласно, со чудење)
Ангелејца, ќе месела зелник и испекла пиле (се подсмева) и ти ќе јадиш (мисли на Валдиката)
Владиката:
Што рече Пејо?
Пејо млад:
Убаво, велам убаво! Да побрзаме па да претрчам до кај Ангелејца за побрзо да стаса!
Владиката:
Е арно велиш, нека побрза. Дури е топло да пробам.

Слика 4: Пејо стар и двајцата селани на клупа пред црква. Пивнуваат од ракијата.

Пејо стар:
Веднаш знаев дека не е нешто како што треба. Ангелејца кога ќе испечеше кокошка цело село знаеше: малото дете ги јадеше крилцата, големото дете едниот копан, вратот мажот и, а останатото сама ќе го изедеше. Сега, на Владиката му печела...Ме копкаше што е работата. Го оставив Владиката сред село и право кај Ангелејца.

Слика 5: Куќа со двор. Рашетани кокошки. Ангелејца наведната сади квачка. Пејо преку ѕид скришум гледа што прави. Ангелејца реди 12 јајца во седало, ја става кокошката над нив и ја поклопува со кош да не бега. Пејо млад врти со главата,ја навалува главата ( нешто му текнува) и со трчање заминува некаде. Се гледа Ангелејца како под кошот и става на кокошката  сад со вода и храна. Се враќа Пејо затрчан. Капата ја држи во раце. Во неа има големо јајце, јајце од ној, но не се гледа) Влегува кај Ангелејца во двор и вика:

Пејо млад:
Домаќинке! Ангелејце! Кај си мори излези! Ме прати Владикана, не може да чека, му се брза, ај давај што имаш да му однесам!
Ангелејца:
(Излегува како од зад куќа, каде што ја садеше квачката.Ифритосана, оти таква е стално, лоша,лута. Со рацете на половина)
Што сака уште Владиката? Јас џезата му ја платив на Стојан коњот што му го води. Дојде побара зајре за во Манастирот се што требаше му дадов!
Пејо млад:
Еј, де Ангелејце што опнуваш наеднаш. Ја по кроце. Не ти велам за тоа за она другото ти велам!
Ангелејца:
Кое друго?
Пејо млад:
Што го пушти, детето, најмалото. То сирото со каков кеф го пречека Владиката еее, дури пред село. Ами на Владиката од мисла веднаш лиги му потекоа.
Ангелејца:
Што зборуваш бе Пејо? Сакаш некоја ујдурма да ми стокмиш?! Кое дете, какви лиги?! Ај заминувај имам работа.
Пејо млад:
Ааа, со празни раце не се враќам. Да ми вика мене Дедо Владика, не! Ти му рече кокошка ти испеков, зелник ќе ти месам!
Ангелејца:
( прво се чуди, па и текнува што е работата)
Оф, леле, оф, оф што ме снајде...Она моено така на Владиката му рече?
Пејо млад:
Да, му рече: почекај Дедо попе за половина час, мајка ми се ќе ти донесе. Ене го чека цел саат сред село.
Ангелејца:
Туу, да не пукни, види што ми направи. Туку дај да појдам да му кажам да не чека бадијала. Ајде Пејо, тргај да одиме.
Пејо млад:
Оди ти оди, јас ќе те стасам, треба до кај Митре да појдам од кај него џезата за манастирот да ја земам...
(Ангелелејца трча, заминува Пејо пополека оди нанзад чека да замине Ангелејца)

Слика 6: Се гледа, Пејо оди кај кокошката квачка. Го трга кошот. Ја става кокошката само под него за да не избега. Од седалото ги зема 12 јајца и става ено големо и на него ја наседелува кокошката и ја покрива со кошот да не избега. Ги собира јајцата во капата и заминува со усул да не го види некој.


Слика 7: На клупа пред црква Пејо и двајцата селани.

Селанец прв:
Е, од каде ти беше тебе  толкаво јајце?!
Пејо стар:
Тоа ми беше од Солун. Таму имаше такви. Си го чував како сувенир.
Селанецот втор:
Кај може кокошка толкаво јајце да снесе?! И ти по умот негов си тргнал (му се обраќа на првиот селанец)
Пејо стар:
Море, глупчо, тоа јајце било од ној! Знаеш што е ној? Ќе ти кажам попосле.

Слика 8: Сред село, до чешма. Владиката седи на столче, коњот до него. Ја чека Ангелејца со кокошката и зелникот и Стојан коњот што му го води да му ја донесе собраната џеза од селаните. Затрчана Ангелејца, задишана доаѓа. По некое време и Пејо идe.

Ангелејца:
Да ти се многу години Владико!
(му бакнува рака)
Владиката:
Да ми се! (ја гледа не носи ништо) Да си жива и здрава, кај е кокошката и зелникот?
Ангелејца:
Владико, прости, дете мало ништо не разбира. Си играло!
Владиката:

Ти пак цела кокошка ја изеде! И зелникот...цел!
Ангелејца:
Не, Владико, жими Господ не!
Владиката:
Греота е Ангелејце, греота. Зар Владика се лажи! Сите калезби други ги одбив,зашто ти прва ме покани...Сега горнион што ќе помисли!
Ангелејца:
Згрешило детето, само му текнало така да рече.
(Доаѓа Пејо млад, со торба)
Пејо млад:
Еве, Владико ова е од кај Митрета! А Стојан, дури да се најадеш ќе стигне.
Владиката:
Што да јадам, Пејо? Еве ме нарани Ангелејца. Прво ми испече кокошка, ми меси зелник, ги изеде сама и сега нема за мене.
Ангелејца:
Немој Владико, не греши душа. Не е така. Детето грешно рзабрало.
Пејо млад:
Е, како може грешно да се разбере ако речеш: Ко нема сега Владика да помине, да го излажам дека зелник ќе му месам и какокошка ќе му испечам...
Ангелејца:
А бе така реков оти квачка садев! За сите пилиња црни да ми се испилат. Детето слушнало, го видело Владиката и му рекло што му рекло.
Пејо млад:
Леле Ангелејце, леле! Срамота е пред Владикава вака да правиш. Ами јас дојдов кај тебе? Ни квачка садеше ни ништо.
Ангелејца:
Море, Пејо, доста. Садев квачка, како не!
Пејо малд:
Ами, ај Дедо Владика, појди види, што квачка поџомитка садела! Нема зелник, нема кокошка печена, барем отпеј и ја кавчkата...
Ангелејца:
Ако не веруваш Владико, ајде, ајде да видиш. (му се врти на Пејо) арам да ти е лажга што ме правиш. Ти да не идиш, коњот да му го чуваш. Ај, Владико, ај да одиме
(заминуваат, Пејо останува со коњот, задоволен, зашто знае што ги чека)

Слика 9: Во дворот, кај насаданата квачка. Се гледа од далеку кошот, кокошката. Ангелејца напред, Владиката по незе.По некое време и Пејо со коњот му доаѓа.


Ангелејца:
(не забележува ништо околу кокошката)
Сам да видиш Владико, на очи да си веруваш, да знаеш дека не те излагав.
Владиката:
(наведнат под кошот гледа)
Гледам, Ангелејце, гледам и на очи не си верувам. Што е ова? Ти мајтап со мене правиш?
(се исправа)
Грев голем направи Ангелејце. Ем ме излажа ем нетокму ме правиш. Јас не можам да ти помогнам. (се крсти, гледа нагоре) Имај милост Господе! Ти си знеш што ќе сториш!
Ангелејца:
(избезумена)
А, бре аман! Пу, пу, пу скараја да е од мене! Зошто такви зборови. Кажи нешто добро, пилињата црни да ми се испилат!
Владиката:
Ангелејце, незнам што правиш, ама арно не правиш. Да не е магија ова!
(конечно и Ангелејца се наведнува и прво останува запрепастена не и се верува што гледа, кокошката над едно јајце големо, а потоа, вреска, писка, се крсти, бега од кошот)
Ангелејца:
(уплашена)
Стори нешто, ти си Владика! Што е ова што ми се случи! Добро, го пуштив детето да те излаже, знаев дека идиш, ама само за пилињата да ми се црни....Нели така е редот...  12 јајца ставив. Јас, ги ставив ги изброив и кокошката на нив ја ставив....
Владиката:
Ангелејце, овде има само едно јајце... и тоа машала големо. Да не се собрале сите во едно...Личи како  12 жолчки да има во него! А од кај ти е јајцето?
Ангелејца:
Владико...Тебе никој ништо не ти може. Тргни го кошот, фати ја кокошката, скрши и го вратот веднаш ќе ти ја испечам! Само спаси ме од ова зло! Помагај Владико и зелник ќе ти месам!
( Ангелејца се туфка, а и Владиката како исплашен, чудно му е, а ваму сака какошката да ја јаде, навреме стигнува Пејо со коњот, ги гледа и сеир си прави)
Пејо млад:
Ииии! Аман! Што е ова, чудо, невидено Иииии! Ангелејце мори, како ти да си го снесла! Аууууу
Ангелејца:
Помагај Пејо.
(му дава некој стап што го дофаќа од близина)
На мавај, отепај го!
(мисли јајцето да го скрши)
Пејо малд
:
А, не Ангелејце, не! Некоја лошотија да не излезе, никако со стап по јајцето. Туку дај прво какошката да ја фатам, да и го скинам вратот. Ти оди стави вода да ја искубеш. Владикава нека го отпеј местово, лошото да замине, а јас јајцево ќе го однесам далеку...ќе го пуштам по река...злото да замине... Па да јадеме кокошка печена ама и зелник да месиш!


Слика 10:  Пејо стар со двајцата селани на клупа пред црква.Се смеат, пијат ракија.

Селанецот прв:
Море, Пејо, алал да ти е. И ги зеде јајцата на Ангелејца ! Што ти даде да јадеш од кокошката – тртникот?

Селанецот втор:
Да знаела што и направи од белото мевце ќе му скубнела! Туку кажи ни од што беше јајцето?

Пејо стар:
(мртов озбилен)
Големото! Е, тоа ти е јајце од ној. Го има во Солун. Тоа ти е кокошка со врат од жирафа!



                                                                       -    Крај -



















Thursday, September 19, 2013

ЦАНЕ ЛАЖОТ тв сценарио за „Авантурите на Итар Пејо“

 ЦАНЕ ЛАЖОT
 Наташа Мирческа Јануари 2013

  ЛИКОВИ
   ПЕЈОСТАР
   ПЕЈО МЛАД
   ЦАНЕ ЛАЖОТ
   ЦАНЕЈЦА – жената му на Цане лажот

  1. СЛИКА. Дома кај Пејо. Лето, жега. Пејо се туфка, пладне ќе фати никој сеуште не му дошол кафе да се напијат. Ѕирка на кај дворот, да не види некој да го свика, муабет да скрши. Негодува. Отвара по долапи, бара нешто...

 ПЕЈО СТАР: Човек не остана во селово, човек...На времето се знаеше, петлите ќе се огласеа, оп кафенцето, ракиичката...А, бе еднаш не сум шмркнал тропа некој на врата...Прв e Спасе. Катара! Спие со отворени очи и начулени уши. А, се фати некој за гезве, рипа и трча...Море, море што кафе ми испи... Ај да си направам јас едно. (зема да си вари кафе) Ќе сварам цело гезве . Да не дојде некој, ако не цел ден ќе си пијам! (вари кафе и си пее на глас. Тамн да стаса кафето вика некој по него)
ЦАНЕ ЛАЖОT: ( се слуша не се гледа) Пејо. Пејооо. Пејооооо!!!
ПЕЈО МЛАД: Пекнал та пукнал! Што викаш. Кафето ми претече заради тебе! Ама време одбра за викање....И сега...Кајмакот ми појде....Море, море недарбина. Кој е?
 2.СЛИКА. Пред порта стои Цане Лажот. Носи две полни вреќи. (не се гледа што носи, лубеници се) Се обѕрнува на сите страни, нетрпелив е Пејо да му отвори. Само што Пејо ја отвара портата се втурнува во двор, ги весува и вреќите.
ПЕЈО МЛАД: Ах, ах, ах. Од сите луѓе на светов баш ти мораше да дојдеш. (му се развикува) Море, кафето ми го претече. На што личи така од пред порта да викаш: Пејо! Пејоооо! Не знаеш да тропниш! Така со убаво ако треба да свикаш! Давај ако носиш кафе да сварам, оти моето ми го претече.  
ЦАНЕ ЛАЖОT: Добро де добро, не викај. Еве, утре ќе одам во Битола, ќе купам убаво пресно, тазе мелено. Цело пакетче сто грама неотворено плус со наут!
 ПЕЈО МЛАД: А, бе тебе како те викаа? Цане Лажо, а! Не да лажеш, сушиш. Кафе од Битола, утре, ќе ми донесеш?! Зошто? Во Прилеп нема кафе??? Занаетот си го изучил скроз.. .Сакаш кафе?  
ЦАНЕ ЛАЖОT: Ако е со кајмак колку палецот твој сакам.
 ПЕЈО МЛАД: А, бе каков палец! Сум сварил кафе вол да стапне ќе пропадне, ама нема да се удави оти јас кафе варам со кајмак најдолу! (заминуваат да влезат во собата, Цане вреќите ги подприбира зад порта)
 3.СЛИКА. Дома кај Пејо седат на маса, пијат кафе. 
ПЕЈО МЛАД: Ај на здравје да ни е! Немој цел кајамк да го пиеш. Остави малку кога ќе го мијам фиџанот да имам со што да го истријам!
ЦАНЕ ЛАЖОT: (го брцка прстот во талогот да види колку има, му го покажува) Доста е толку од кајмакот да оставам. 
 ПЕЈО МЛАД: Не, врати малку, да наима. (Цане Лажо се обидува талогот од прстот да го врати во филџанот, Пејо му се чуди) И што носиш во вреќите?
 ЦАНЕ ЛАЖОТ: И да ти кажам нема да ми веруваш.
ПЕЈО МЛАД: Ами така е до душа, ама ај кажи да видам што лага ќе ми врзеш.
 ЦАНЕ ЛАЖОТ: Лубеници, ама недозреани!
 ПЕЈО МЛАД: Ајдеде! Од кај знаеш! Одозгора зелени се?!
 ЦАНЕ ЛАЖОТ: Аха, зелени, многу зелени. Треба еден месец на чардак на сонце да ги чувам. ПЕЈО МЛАД: Море, мозок. Еден месец на чардак, да ги сончаш...за да узреат. Ееее, мене ова нема да ми текнеше. А зошто ти се зрели?
 ЦАНЕ ЛАЖОТ: За дедо ми! ПЕЈО МЛАД: Господ да го прости. Тој послаб лаж беше од тебе. ЦАНЕ ЛАЖОТ: Господ да го прости. Не зборувај така за дедо ми, по лаж од него немаше до, до, до....
ПЕЈО МЛАД: До мовчено од Црна! Ти поарен од него излезе, ама умре чоекот не разбра.
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Остави го сега тоа, не се за тој дедо, туку онај проклетиот, од Прилеп што е. ПЕЈО МЛАД: Оф, оф , оф, па ти на мака си бил! Еј диги Цане, лажу, белосветски. . Да не го труеш со зелени лубеници!?
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Не, бе. Не оваа недела, не другата, е та по незе што иде, ќе ни дојде на гости. Па ми прати абер Да е ем зрела, ем блага ама и лична.
ПЕЈО МЛАД: Оф бе, кај лаж сега и арамија стана. .
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Жими честа не те лажам! Од сите ниви само по една скинав.Чардакот мој од четири страни сонце го греј, цел ден и цела ноќ ќе бидат на сонце...
ПЕЈО МЛАД: Гледам јас магарињата ќе ги јадат лубенициве.
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Аааа, не. На тој намќор ќе му ја расечам најубавата, да пукни од мака.
ПЕЈО МЛАД: Знам јас еден марифет, грешка нема.
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Вистина?! Кажи де!
ПЕЈО МЛАД: Марифет не се кажува.
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Кажи Пејо, ко брат те молам. Што сакаш ќе ти дам за марифетот.
ПЕЈО МЛАД: (му светнуваат очите, се смее под мустаќ) Да ти кажам велиш?...Ама на никој збор да не кажуваш. Ако кажеш марифетот нема да се фати.
 ЦАНЕ ЛАЖОТ: На никој, збор с-кн! Чесен збор.
ПЕЈО МЛАД: Ама...
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Ама...
 ПЕЈО МЛАД: Од утре па до саботата пред неделата, пред да ти дојде дедо ти, Цанејца секој ден по еден зелник да ми меси. Кога ќе ми го носиш зелникот, ќе носиш и едно каначе кисело млеко и бокалче, поголемо,вино. Бидува!
ЦАНЕ ЛАЖО: (не ни размислува) Бидува.( му пружа рака)
ПЕЈО МЛАД: Слушај сега и добро запамети, се што ќе ти кажам така по ред ќе правиш. ( се обѕрнува и му шепоти некој да не го слушне) Од вреќине ќе ја одбереш најмалата лубеница. Кај тебе во двор ќе ја закопаш на некое скришно место, никој да не те види. Три пати во денот ќе и тураш по една кофа вода, на утро, на пладне и кога ќе се стемни. Од кога ќе и туриш вода ќе и туриш и кило шеќер и еден прст сол, да не дојде преблага. Разбра!
 ЦАНЕ ЛАЖОТ: Разбрав и после...
 ПЕЈО МЛАД: И после ќе дојдам да го зваршам марифетот. Внимавај да не згрешиш. Ај сега, заминувај и како што ти реков...Утре зелникот донеси го...

 4.СЛИКА. Цане во дворот оди, Пејо по него. Кај лубениците зад порта.Ги мерат од око лубениците, која е најмала. Се гледа кај што Цане Лажот ја одбира најмалата лубеница и си оди, Пејо зема друга, вади нож од појас си ја сечи си седнува да ја јади и си се смее) 

5.СЛИКА. Се гледа како Цане Лажот ја закопува лубеницата, и тура вода, шеќер, сол. Се појавува Цанејца, гледа што прави, се крсти. 

Цанејца: Цане што правиш?
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Шшшшт! Доста мори! Што ти е гајле!. А ти што бараш овде немаш друга работа?
 ЦАНЕЈЦА: (се обидува да види што први, не и е јасно) Имам работа имам. Ене квасец зафатив еден зелник да месам.
 ЦАНЕ ЛАЖОТ : Не еден, два!
ЦАНЕЈЦА: Зошто два?
 ЦАНЕ ЛАЖОТ: Сакам секој ден по еден цел зелник за мене. 
ЦАНЕЈЦА: Да не почниш да се гоиш?! Ти не си токму.
 ЦАНЕ ЛАЖОТ: Кога ќе дојде време се ќе ти кажам, сега опасно е! Ти меси по еден зелник на ден, ко за мене, и ич не му ја думај. Што е наше само ќе си дојде. (си се смее) Море, море кога ќе дојде...
 ЦАНЕЈЦА: Не месам!
 ЦАНЕ ЛАЖОТ: Како мори не месеш! Кога ти велам јас ќе месеш!
 ЦАНЕЈЦА: Дури не ми кажеш зошто не месам.
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Слушај да ти кажам...(налутено, па омекнува) За тате, еребице моја, за тате! Нели ќе дојде кај нас на гости.
 ЦАНЕЈЦА: А-а-а на тате стоени зелници не му давам, тогаш ќе му месам.
ЦАНЕ ЛАЖОT: Оф, леле, ти ништо не разбираш. Зелниците се за мене! Оди оди сега меси, секој ден по еден и кога тате ќе дојде еее, со се најубаво ќе го почестиме. Оди, верувај ми? Кога сум те излажал!

 6.СЛИКА. Се гледа како Цане Лажот, во дворот на лубеницата и тура вода, шеќер и сол,а потоа на Пејо му носи зелник, кисело млеко и вино. 

7.СЛИКА. Кај Цане Лажот во двор. Сабота. Цане дреми под сенка, Цанејца треси, работи, се подготвува за гостинот,татко и утре ќе им доаѓа. Пејо влегува на рамо носи вреќа, не се гледа што (една лубеница, поголема).

 ПЕЈО МЛАД: Ај добар ден!
ЦАНЕ ЛАЖОТ: (Скока како иштрекан) Добар ден, бујрум! Мореее од кога не си дошол! (се поздравува со него и му намигнува, прај ишарети, демек работава завршена)
ПЕЈО МЛАД: Цанејце, како си се расчистила, како за Велигден!
 ЦАНЕЈЦА: Готово, завршив. Сега ќе одам да месам.
ПЕЈО МЛАД: Зелник! ЦАНЕЈЦА: Да, зелник и тоа со праз и сирење!
 ПЕЈО МЛАД: Ох,ох, ох..за мерак. Само да ти речам нешто ама да не се лутиш. Може. ЦАНЕЈЦА: (се чуди) Што?
 ПЕЈО МЛАД: Витките, многу големи се. Помали прај ги.
 ЦАНЕЈЦА: (се смее мисли се шегува со неа) Да не пукнеш, само нешто да кажеш! (заминува да меси зелник) (Цане Лажот го трга Пејо настарана, да не продолжува со муабет)
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Пејо, се фати марифетот? Сигурен си? Да не излезам будала пред оној намќорот прилепски, душата ќе ми ја извади!
 ПЕЈО МЛАД: А, бе ти будала си од мајка, згора на тоа и лаж па така ич не се секирај.Еве од тука мирисам ,не дека е зрела, презрела е. Не да е слатка, преслатка е, а за лична збор нема. Туку земај лопата.
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Зошто?
 ПЕЈО МЛАД: И еден појас за на очи да ти одговара.
 ЦАНЕ ЛАЖОТ: (молкни од џебот некој партал) Овој арен е? Лопатата онде е. (покажува)
ПЕЈО МЛАД: Кажи ми кај ја закопа лубеницата? (Цане Лажот му покажува)
ПЕЈО МЛАД: Ќе ти ги врзам очите, ама и ти да мижиш. Немој случајно да си се испулил, се ќе расипеш. Јасно. И ќе те однесам онаму и ќе копаш се додека не ја ископаш лубеницата. Оти и тураше толку време зајре сега таа еее дури до долу е , до центарот на земјата.
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Навистина?
 ПЕЈО МЛАД: Навистина, навистина, ами како! ( му ги врзува очите му ја дава лопатата и Цане почнува да копа)

8.СЛИКА: Пејо Млад, дреми под сенка кај Цане Лажот во дворот. Одвереме на време ќе погледне да види Цане што прави. Цане копа ли копа, не се гледа, внатре е во дупката. По некое време станува, ја зема врќата што ја носеше, ја вади лубеницата и ја брише со кошулата.Ја зема и оди кај Цане.

 ПЕЈО МЛАД: Цане, брат до кај дојде? Ја нема уште?
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Ја нема како во земја да пропаднала. ПЕЈО МЛАД: Ами ако се стркалала на друга страна. Ти си ја закопал овде, ама таа отишла онаму...? (покажува)
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Пејо, сега и дрндупка ќе си играш со мене?!
 ПЕЈО МЛАД: Не, само така велам... Чекај да наѕрам до кај си ( ѕирка во дупката) Уште малку, при крај си. (го остава уште некоја лопата да фрли и му вика) Чекај! Стој! Да не си мрднал. Ете ја. Ја гледам. Оди поназад да ја извадам јас да не ја расчеречиш.
( Цане Лажот се тутка на едната страна насмен до уши, срецето ќе му летне. Пејо клекнат покрај дупката, офка стенка небаре ја вади. Потоа се исправа со неговата лубеница во рацете )
Цане, брат на очиве не можам да си поверувам.
 ЦАНЕ ЛАЖОТ: Каква е, Пејо каква е?
ПЕЈО МЛАД: Ами како да ти кажам...Машала, тежи во раце не можам да ја држам. Ох,ох,ох мискојна мириса. Лична пре лична, а сега ќе ја расечам да ја пробам...
ЦАНЕ ЛАЖОТ: Не! Не Пејо. Не ја сечи!
 ПЕЈО МЛАД: Море, што стоиш уште со превезот на очи.
 ЦАНЕ ЛАЖОТ: (го трга парталот од пред очи, прво замижан,а потоа се ококорува) Леле, леле, да пукнам, не ми се верува ( сака да ја фати)
ПЕЈО МЛАД: Бегај бе ќе ја извалкаш, глеј каков си.

 9.СЛИКА. Седнати двајцата во дворот, лубеницата пред нив во бела крпа на тепсија. Пејо му се чуди на умот, а Цане воодушевен од лубеницата. 

ЦАНЕ ЛАЖОТ: Е, што ти бил марифет. Друг да ми кажеше немаше да му поверувам. Фала ти Пејо, фала ти. Ваква лубеница и од Стамбол да нарача, намќорон нема да најде.Сега да го видам што мана ќе ми најде.
 ПЕЈО МЛАД: Ко очите чувај ја до утре, да не се стори нешто.
 ЦАНЕ ЛАЖОТ: Пејо, да му го кажам, марифетот, што велиш?
ПЕЈО МЛАД: Демек курназ сакаш да се правиш, а? А, бе Цане, како да ти речам...ами кажи му ама нема да ти верува...
-крај-